Компанијата „Microsoft” од 8-ми април, ја прекинува техниката поддршка за оперативниот систем Windows XP како и за пакетот на апликации „Office 2003“ како и редовните надградувања кои обезбедуваат заштита од вируси и други закани.
– Ако продолжите да користите „Windows XP“ вашиот компјутер се уште ќе работи, но ќе биде чувствителен на вируси и хакери.
Поради тоа што бројни производители на софтвер и хардвер се оптимизираат според последните верзии на „Windows“, може да се случи голем број на апликации или уреди да не работат на „Windows XP – стои во соопштението.
Инаку овој оперативен систем е инсталиран на повеќе 500. милиони компјутери ширум светот како и 95 проценти од „ATM“ банкоматите.