Пропадна четвртиот мобилен оператор Албафон. Корисниците на оваа мрежа вчера добиле известување дека компанијата престанува да функционира и дека треба да се префрлат на друга мрежа, пренесува Економски.мк.
Албафон, кој работеше со префиксот 073, на пазарот целеше кон албанската популација и достигна до скромни 16 илјади корисници за две години. Функционираше како виртуелен мобилен оператор кој ја користеше мрежата на ОНЕ.
Неофицијално Економски.мк дознава дека токму долговите кои компанијата ги направила по оваа основа довеле до одлуката Оне од денеска попладне да престане да им ја нуди инфраструктурата.
Од Оне велат дека потегот доаѓа по повеќе неприфатени предлози до Албафон за раздолжување. Не се откриваат информации за висината на долгот.