Крајно примитивно е да се загрози живот на тој што се обидува да спаси живот


Министерот за здравство, Никола Тодоров, најостро го осуди инцидентот што утринава се случи на Клиниката за абдоменална хирургија, при кој што пациент застрела лекар, бидејќи  не бил задоволен од третманот во болницата каде што  починала неговата мајка.

„Напад на доктор е криминален чин, без оправдување. Не е дозвливо и крајно примитивно е да се загрозува животот на тој што се бори да спаси животи. Органите на прогонот треба да го расчистат случајот. Здравствениот систем е збир од лекари, здравствени работници и пациенти и институцијата нема да биде подриена од некои неодговорни чинители. Лекарот и да згрешил, што не е случај за овој пациент, никој не смее да ја зема правдата во свои раце, за тоа си има надлежи институции“, посочи Тодоров.todorov

При инцидентот, повредено е и лице од обезбедувањето на заедниката служба на Клиниката, кое се обидувало да го спречи напаѓачот.

По денешниот настан, договрено е построга контрола на Клиниката, а водено да се затворат сите споредни влезови на Хирургија, а во функција да останат само двата главни влеза.

Иако, логично се наметнува прашањето како може вооружено лице да влезе на Клиниката, и да ја загрози не само безбедноста на лекарите, туку и на пациентите, министерот со став дека ризик од вакви настани постои секаде во светот, а и кај нас, со оглед на тоа дека се работи за здравствени институции, каде што не е практика да постои вооружено обезбедување. Како и дека е невозможно да се воведе детален преглед на сите кои вегуваат и излегуваат од болниците.

„Чувствувам морална одговорност како министер за се’ што се случува во здравството, но, вакви ситуации, неможе да се спречат“, истакна Тодоров, алудирајќи на тоа дека ако некој сака да стори вакво дело, тој ќе најде начин.

Инаку, според Александар Караѓозов, директор на дигестивна хирургија, операцијата врз пациентката била со висок ризик, за што било известено нејзиното семејство, кое пак дало согласност таа да се изведе. При тоа, зафатот поминал без проблеми и без никакви пропусти во начинот на лекување.
Телото на починатата е дадено на обдукција, а од резултатите ќе се знае која е причината за нејзината смрт.

Според новите измени во Законот за здравствена заштита, за напад врз лекар се одговара како за напад врз службено лице, за што следи казна затвор до 10 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1