Кејт Мидлтон, сопругата на британскиот принц Вилијам, мора да ги почитува и спроведува низата строги заповеди кога станува збор за нејзиното облекување и општиот изглед. Наводно, кралицата Елизабета Втора лично составила листа на правила која Кејт е должна да ги исполнува при појавувањето во јавноста.
Во секојдневниот живот, војвотката од Кембриџ е принудена да почитува неколку забрани, па така не смее никогаш да носи лак со „нападни“, „вулгарни“ бои и чевли со платформа, кои Кејт, имено, ги обожава. Панталоните се дозволени само во исклучителни, вечерни часови, а треба да внимава и на должината на фустаните и здолништата. Најлон чорапите се задолжителни, и во зима и во лето без исклучок.
Војвотката од Кембриџ е обврзана посебно внимание да посветува на косата и веѓите, но екстензиите и прамените се најстрого забранети.
Кога станува збор за модните додатоци – аксесоарите, на Кејт не и е дозволено да носи бижутерија, туку исклучиво накитот на кралското семејство. Чантата може да ја носи во рака, но никако на рамо. Иако Кејт Мидлтон главно се придружува на овие правила, сепак, се случува понекогаш и да ги прекрши.