Кралска венчавка во Монако – се ожени синот на принцезата Каролина, внук на Грејс Кели (Фото)


Синот на принцезата Каролина од Хановер, и внук на холивудската актерка Грејс Кели,  Пјер Казираги (27) и 29-годишната моделка Беатрис Бромео  викендов во Монте Карло го кажаа судбоносното „да“ на церемонија каква што му доликува на  благородничко семејство.kasiragi-beatriche monako

Двојката се забавуваше 7 години пред да склучат брак, а невестата за својот најубав ден во животот одбрала необичен венчален фустан , и се одлучила за розева креација со потпис на модната куќа Валентино. Изборот и не е изненадувачки, ако се има предвид дека нејзиниот дедо своевремено бил извршен директор на оваа луксузна модна куќа.

Првиот фустан што го носеше на официјалната венчавка беше изработен од пастелно розова и златна тантела и свилен шифон. Вечерта пак, се појави во бел фустан, со светлуцави украси.kasiragi-beatriche monako2 kasiragi-beatriche3

Цееремонијата на склучувањето на граѓанскиот брак протекла без голема помпа, во интимна атмосфера со околу 70 поканети гости во Палатата на принцот. Потоа била организирана голема прослава во дворот на најпознатиот хотел во кнежеството Монако со пет ѕвездички, „Отел д’ Пари“, а меѓу поканетите гости биле и принцезата Каролина како и вујкото на Пјер, принцот Алберт од Монако.kasiragi-beatriche4

На церемонијата присуствуваа околу 500 гости, а веселбата нема да застане тука. Веќе следниот викенд, ќе биде одржана уште една луксузна прослава, овој пат на еден од италијанските острови на аристократското семејство на невестата.

Освен што се занимава со манекенсктво , Беатрис студирала и новинарство, аисто така е припадничка на аристократското семејство кое поседува острови на северот на Италија уште од 16 век.monako

Принцезата Каролина го родил Пјер во бракот со покојниот Стефан Казираги, италијански спортист и и бизнисмен. Тој загина во 1990 година на 30-годишна возраст, кога изгубил контрола над чамецот обидувајќи се да ја одбрани титулата на светски шампион во возење на моторни чамци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1