Две момчиња скокнале во празен базен и загинале


Две момчиња на возраст од 20 и 24 години трагично починале откако од висина од пет метри скокнале во празен базен. Несреќата се случила во германскиот град Оберфранкен во саботата вечер.425089-bazen

Момчињата истовремено скокнале од даската за скокање, а поради мракот не виделе дека базенот со длабочина од пет метри воопшто не е наполнет.

Случаен минувач забележал дека момчињата лежат на дното на базенот наредното утро и веднаш повикал помош, пишува германски „Билд“.

Болничарите по доаѓањето кај едното момче веднаш констатирале смрт, додека на другото момче се обиделе да му го спасат животот, но безуспешно.

Базенот кој инаку е отворен за жителите, оваа година е затворен поради реновирање, па поради тоа и немало вода во него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1