Иде продолжен викенд – 3 август неработен за сите граѓани на Република Македонија


Трети август, понеделник, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.zname mak

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен  весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2 август 2015 година (недела), Ден на Републиката, односно 3 август 2015 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1