Кралството на монструмите – најсмртоносните компании во светот


Убиства, војни, кршење на човековите права, злоупотреба на животни,еколошко катастрофи и ред други грозни работи за кои обичен човек би завршил со доживотен затвор. Ова не е заплет на филм, ова не е нов бестселер, ова се најголемите и најмоќните коорпорации и компании во светот. Додека останатите, смртниците, за било која од ове работи би добиле затвор и/или смртна казна, џиновите во светски рамки прават милијарди долари профит на годишно ниво.

Ова се дел од тие монструми, бидете подготвени да ви се згади животот:


chevron-nigeria1. Шеврон
Неколку нафтени компании влегоа во листава, но Шеврон заслужува посебно место во пеколот. Меѓу 1972 и 1993 година Шеврон(тогаш познат како Тексако) фрлил 18 милијарди галони токсична вода во дождовните шуми во Еквадор, токсичните води не биле ни филтрирани, ни правилно складирани, уништувајќи огромен дел од дивиот живот во шумите, како и претварање на плодната површина во отровна и неплодна земја. Сепак, тие не застанале само на ова, во 1998 година, во Калифорнија, тие го поврзале одводот за токсичен отпад од својата фабрика со јавниот водовод, загрозуваќи го животот на милиони жители.

Истото го направиле и неколку години подоцна во Њу Хемпшир. Шеврон малку посериозно ја разбрал изреката „не си добар трговец, ако немаш крв на своите раце“, па во Нигерија најмиле герилци да ги убијат протестантите кои им го попречувале експлоатирањето на Нигериската Делта. Тие покрај тоа што им платиле, им дали и оружје и хеликоптери, а за возврат герилците покрај убиството на протестантите, им ги запалиле и селата.

smith_1702572. Смит и Весон
Како најголем производител на оружје во САД, Смит и Весон се индиректно одговорни за милиони убиства со огнено оружје. Нивното оружје не се употребува само од владата и полицијата , туку и криминалците го преферираат американскиот челик.

Во ранг листата на оружја кои се користат за криминал во САД, дури 5 од првите 10 се на Смит и Весон, а на првото место е Смит и Весон .38 Специал. Како што вели старата поговорка „Пиштолите не убиваат луѓе, луѓето убиваат луќе“, само тие преферираат Смит и Весон.

pm3. Филип Морис
Филип Морис е најголемиот производител на цигари во САД, цигарите покрај тоа што предизвикуваат рак на повеке витални органи, му штетат и на фетусот ако мајката пуши додека е бремена.

Чадот од цигарите содржи 43 канцерогени и преку 4000 хемикалии, вклучувајќи ги и јаглерод моноксидот, формалин(состојка која се користи да се зачуваат мртви органи и мртви тела), цијанид, никотин, амонијак и арсен.

Никотинот како главна состојка во тутунот создава психолошка и физичка зависност. Пушењето го покачува притисокот, создава негативни хемикалии во нервниот систем и ги затнува крвните садови. Отпушоците не се биоразградливи, а ако дојдат во контакт со вода ги испуштаат хемикалиите од нив во водата. Од друга страна, пушењето ве прави да изгледате кул(сарказам).

hali4. Халибуртон
Компанија која го има Дик чејни за нејзин генерален директор неможе да биде добра, компанијата која се занимава со експлотација на нафтени полиња, најмногу профитираше од војната во Ирак, кога Чејни ги викна своите момци да ги искористат ирачките нафтени ресурси со цел „ да му помогнат на Ирачкото министерство за нафта“ да застане на нозе. Тие во своето досие имаат многу еколошки катастрофи, а една од најзначајните е таа од 2010 година со Бритиш Петролеум.

coca-cola-summer-girl-15. Кока Кола
Омилениот светски безалкохолен пијалок, смртоносен? Безброј студии ја потврдуваат оваа теза, а меѓу другите се и детска дебелина, диабетис,губење на заби, чиреви во желудникот, халуцинации и така натаму.

Сепак загрижува фактот што компанијата во Индија, ја троши целата вода околу фабриките за време на сушните месеци, оставајќи илјадници луѓе жедни, а тие малку количини на питка вода се загадува со отпадните води. Како и Чеврон, и Кока Кола има свои герилци во Колумбија кои убиваат и пустошат цели региони за растенијата кои се една од главните состојки на пијалокот.

7. Катапилер – CAT
Компанијата која прави и продава трактори, камиони, булдужери и тешка механизација, е најголем снабдувач на армијата на САД. Сепак, тие исто така продаваат тешка механизација и на Израел, кој ги користи за рушење на палестински домови во Газа. Понекогаш со станарите сеуште во нив. Најпознат е случајот од 2003 година кога трактор на компанијата ја уби Рејчел Кори, американка која претестираше во Газа против рушење на палестинските домови.

pfizer6. Пфизер
Големите фармации се богатат на вашето здравје, но оваа компанија се богати и на туѓата мака. Тие гордо го држат трофејот за најголема здравствена имама со лекови во САД, екпериментирање на животни па дури и на деца. Во 1996 година, Пфизер оди во Кано, Никерија за да проба нови антибиотици врз ДЕЦА.

Од 200 експериментални субијекти само 50 го преживеале експериментот, но и тие развиле ментални и/или физички деформитети. Пфизер исто така може да се пофали со фактот дека е еден од десетте најјголеми загадувачи на воздухот во САД.

nestle8. Нестле
Ако ја тргнеме на страна слатката и чоколадна магија на Нестле, гревовите на компанијата кон човештвото и природата се огромни. Масовни сечи на шуми во Борнео за да се добие палмино масло, орангутанот се истребува со сечите, нелегално запленување на земја за мелчни фарми во Зимбавбе.

Нестле тврди дека нивната флаширана вода е пријателски насочена кон околината, а фактите го тврдат спротивното. Нестле исто така најмува жени кои се маскираат во медицински сестри и се трудат да ги навлечат бебињата и мајките на нивното млеко за новороденчиња, без притоа да им го кажат последиците и негативните страни на млекото. Тие вклучуваат користење на загадена вода во произвотството на млекото и тешка зависност на тоа млеко кај бебињата.

bp9. Бритиш Петролеум
Зарем сериозно треба да се зборува за БП? Доволно е само да се спомне 2010 година и Мексиканскиот залив за да се воочи за каква компанија се зборува. Сепак, во нивната историја тие имаат преку 400 истекувања на нафта, или загадиле 2 проценти од вкупната солена вода на планетата.

Исто така, нивните работници воопшто не се заштитени бидејќи само во последните 20 години умреле дури 42 работника од несреќи на работното место. Исто како и Кока Кола и Чеврон и тие најмуваат паравоени групи за убиства и замолчување на протестантите и исполнување на своите цели.

Share Button
Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1