Лажни органски јајца откриени во Германија (Видео)


Токсично млеко на Балканот, коњско место во Европа, а лажни органски јајца во Германија

jajce2Германските власти покренаа истрага против неколку фарми, осомничени дека продавале јајца со назнака дека се органски производ, иако не ги исполнувале критериумите.

Министерката за земјоделство Илзе Ајгнер вели дека иако на прв поглед се работи само за изигрување на законот, сепак мора да има повисоки казни за фармерите кои го прават тоа за купувачите да бидат сигурни при купувањето. За две години ова е втор скандал со јајцата во Германија.

Претходно беше случајот со отровниот диоксин во јајцата и месото, што потекнуваше од затруена храна, поради што околу 700 фарми беа затворени.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1