Краткотрајно објавување независност на Каталонија во 1934 година


На 6 октомври 1934 година премиерот на автономната област Каталонија, Луис Компанис, објави Каталонска држава во рамки на непостоечката федерална република Шпанија.

Десет часа подоцна, и по смртта на десетици луѓе, тој се предал.

Кога Компанис прогласува независна држава, левите партии биле за „заеднички револуционерен штрајк“ во знак на протест против влегувањето во владата на тројца министри од коалиција во која биле и десни партии СЕДА (CEDA).

– Каталонци! извикува тој од балконот на централата на каталонската влада…Во овој момент во името на народот на Каталонија, објавувам држава Каталонија од федералната република Шпанија, и за да ги зацврстиме врските со лидерите на заедничкиот протест против фашизмот, ги поканува да формираат во Каталонија времена влада на републиката.

Компанис очигледно не бил консултиран со раководителите на заедничкиот штрајк, а втората шпанска република не е федерална. За првпат без да успее да одобри Устав од декември 1931 година, Каталонија самопрогласена република прави обид да добие статус на автономија.

Одговорот од владата не доцни. Командантот на воените сили на Каталонија, генерал Доминго Батет не сака да се потчини на каталонската влада и откако се консултира со Мадрид објавува воена состојба.

Полицаец убива војник и армијата враќа на ударот. Во судири ноќта меѓу 6 и 7. октомври според историчари гинат меѓу 46 и 80 луѓе.

Во шест часто утрото на 7. октомври, 10 часа по објавувањето независност, Компанис се предава. Тој е уапсен заедно со владата и голем број пратеници.

На 14 декември со закон е укината автономијата на Каталонија на неопределено.

Компанис оди во егзил во Франција по граѓанската војна (1936-1939) каде е уапсен од Германците во 1940 година и предаден на диктаторот Франсиско Франко. Стрелан е на 15 октомври близу Барселона. Тој станува херој за каталонските сепаратисти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1