Крава падна од небо врз автомобил!


На југот на Франција се случил бизарен настан, крава паднала од небото врз хаубата на еден автомобил во движење.

Според локалниот весник „ Frans Ble Rusijon“, кравата се наоѓала на работ на една карпа и најверојатно ја загубила рамнотежата и паднала на кола која во тој момент минувала во подножјето.krava.jpg-500

Ударот бил силен и жесток, но за среќа возачот на автомобилот останал неповреден.

Но, кравата умрела на хаубата од автомобилот.

-Кравата падна на мојот автомобил кога излегував свиокот. Само ја видов нејзината глава, потоа следуваше шок. Треба да се знае дека животното е тешко околу 500 килограми. Немав можност да ја избегнам кравата,  изјави возачот на автомобилот.
Падот бил толку силен што кравата со рогот ја пробила хаубата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1