Во оваа банкарска година, која е на истек, според банакрите најбарани се ненаменските потрошувачки кредити. Еве колку ќе ве чини еден ваков кредит во вредност до 5 000 евра, анализира Фактор.мк.
Каматата за еден ваков кредит достигнува и до 11,5% на годишно ниво. Максималниот рок на отплата што се нуди во дел од банките изнесува 72 месеци или 6 години. Пред да се подигне кредитот, граѓанинот плаќа од 2 % до 2,5% на име манипулативен еднократен трошок, кој не може да биде помал од 1000 денари. Дополонително, се плаќа од 200 до 400 денари на име “трошок за апликација“. Она што може да се смета како предност е што дел од банкарските групации не наплаќаат доплнителна провизија доколку кредитот се исплати предвреме.
Сепак, за да се дојде до оваа сума од 5 000 евра, граѓанинот треба да исполни повеќе услови, кои главно ги диктираат сите банки. Така, зависно од сумата што се бара, главен услов е да се обезбеди најмалку еден кредитоспособен жирант.
Пресметката на банкарските калкулатори го покажува следново. За кредит од 5 000 евра, што треба да се врати на 72 месечни рати, со годишна камата од 11,5%, месечната рата ќе изнесува 100 евра. Еве колку ќе земете а колку треба да вратите на банката :
Месечна рата 100 евра
Камата 2 000 евра
Вкупно за враќање 7 000 евра
Станбени кредити
Новоодобрените комерцијални станбени кредити се нудат со пониска камтна стапка, чие минимално ниво изнесува околу 5,5% , загарантирани во првите неколку години, а потоа се пресметува камата од 7 % променлива годишна камата.
Сумите што ги нудат банките за овој вид на кредити се движат и до 150 000 евра. Два клучни услови диктират банките за овој тип на кредити, хипотекарно обезбедување или депозити. Секако, тука се и условите за редовно вработување, редовни месечни примања и жиранти. Рокот на отплата може да биде и до 30 години.
Ако се земе станбен кредит од 50 000 евра, со максимален рок на отплата од 30 години и камата од 5,5% ( која е загарантирана во првите пет години), еве што покажува пресметката за тоа колку ќе чини ратата ( во случајов за клиент на банка која го одобрува кредитот):
Месечна рата 284 евра
Камата 52 200 евра
Вкупно за враќање 102 200 евра
Секако, овие пресметки не се конечни и зависат од тоа какво е обезбедувањето за кредитот и дали кредитокорисникот е веќе клиент на банката.
Целата анализа на – Фактор.мк