Првиот грчки преговарач за името тврди – Глигоров прифатил Словенска Република Македонија


Елефтериос Карајанис на конференцијата организирана од поранешни амбасадори за националните прашања, откри детали од шести јуни 1993та кога по иницијатива на тогашниот српски претседател Милошевиќ за малку не бил потпишан договор. Атина се согласила но побарала и уставни промени, јавува Канал5.

greece_fyrom_flags26– Комуникацијата што се случи со Глигоров, во мое присуство во кабинетот на српскиот претседател заврши со прифаќање на Глигоров на името Словенска Република Македонија, со националност Славомакедонци, јазик славомакедонски, идентитет славомакедонски. За да го потпише ова Глигоров, беше потребно да обезбеди 81 пратеник. Тогаш имаше 75-76, од 120 му беа потребни 80 пратеници. Му го кажавме тоа, рече во ред, ќе се обидам да го убедам Андов. Во понеделник дознавме дека ова не беше прифатено од Андов,а подоцна бевме известени дека странска влада се вмешала за да се спречи овој договор – вели Елефтериос Карајанис – почесен амбасадор, прв грчки преговарач во разговорите за името.

За Карајанис актуелната грчка позиција е неприфатлива, тој е против сложено име, бидејќи како што вели проблемот не е географски туку етнолошки, додека пак за Нимиц, вели дека предлозите му се во наша корист.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1