Кремирани жртвите кои Теодора ги уби со сатар – за децата никој не прашува


Во Белград синоќа биле кремирани Љиљана и Иванка, мајката и бабата на актерката Теодора кои таа ги уби со сатар.

Последна чест на убиените им оддадоа триесетина пријатели и членови на семејството. Невенчаниот сопруг на Теодора никој не го известил за погребот.satar ubiec

– Едвај дојдов до телефонскиот број на сестрата на Љубинка и наскоро веднаш се покајав што свртев. Не сакаше да ми каже ни кога ни каде е погребот, вели за АЛО сопругот на Теодора, Бранислав.

Тој додава и дека никој од роднините од моментот на убиството не прашал како се децата и што ќе биде со нив.

Вели дека никој не кренал слушалка да праша нешто за нив.

– Се трудам ништо да не им недостасува на децата, вели Бранислав.

Инаку, Теодора ги уби мајка си и баба си бидејќи имала семејни проблеми, постојано мајката нешто и пререкувала и таа не можела да го издржи притисокот.

По убиството изјави дека го сторила бидејќи и пукнал филмот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1