Крешник Бектеши, министерот за економија информира преку својот фејсбук профил дека е позитивен на коронавирус.
„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово.
За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19.
– Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!
Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик! Здравје и среќа за сите“, напиша министерот за економија на својот фејсбук профил!