КРЕШНИК БЕКТЕШИ НА РАСПИТ ВО ПОЛИЦИЈА – Приведена државната секретарка која ја потпишала фалс лиценца


Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица.

Се бара дали министерот бил инволвиран во издавањето на лиценцата. Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата.

Додека тој бил министер за економија, тогашната државна секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.

„Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и со корупција. За разлика од претходно, сега имаат име и презиме тие кои се вклучени во нелегалното издавање на лиценци и ќе одговараат” рече Тошковски и додаде дека се истражуваат две фалсификувани лиценци, издадени во 2024 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1