Криел хероин во ретровизорот – фатен е


Единицата за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против С.А. (23) од Скопје, поради  “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

lopov Ukradeni-automobilКако што соопшти МВР, при реализацијата на сучајот пронајдени се и одземени 24,2 грама наркотична дрога хероин. Имено, на 18. овој месец, околу 15 часот, на наплатна рампа “Петровец“ од страна на полициски службеници било запрено возило марка “Опел Астра“ со скопски регистерски таблички управувано од С.А. кој во возилото бил со уште двајца сопатници. Извршено е легитимирање и личен претрес над лицата, по што тројцата се приведени во СВР Скопје ЕНТДО.

По претходно извадена наредба за претрес на дом и возило, извршен бил и претрес на “Опел Астрата“ при што во левиот ретровизор е пронајдена една полиетиленска паковка со 24,2 грама хероин.
Во разговорот пријавениот појаснил дека наркотичната дрога истиот ден ја зел од непознато лице од “Сингелиќ“, кому по продажбата на хероинот требало да му даде 300 евра.
С.А. досега не е евидентиран во крим-евиденцијата на СВР Скопје, стои во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1