Крим донесе одлука за припојување кон Русија – референдумот на 16 март


Референдум за статусот на Автономната Република Крим ќе биде одржан на 16 март, а Парламентот на Крим донесе принципиелна одлука за влегување на Автономната република Крим во состав на Руската Федерација, изјави денеска првиот потпретседател на кримската Влада, Рустам Темиргалиев.

ukraina22Тој нагласи дека на референдумот ќе има две прашања: „Дали сте за влез на Крим како субјект во состав на Руската Федерација?“ и „Дали сте за враќање на уставот на Крим од 1992 година“.

Според текстот на уставот на Крим од 1992 година, таа република стапува во државата Украина и односите со неа се одредуваат согласно договор.

Кримскиот Парламент на 27 февруари ја распушти претходната влада и го избра Сергеј Аксјонов за премиер на местото на Анатолиј Молиљов и тогаш распиша референдум за 25 мај, на кој како, што беше најавено, граѓаните ќе се изјаснат за тоа дали Крим да има „државна самостојност“ и да биде во состав на Украина „врз основа на договор“.

Аксјонов пред пет дена рече дека референдумот за статусот ќе се одржи на 30 март, а пред два дена нагласи дека тоа може да се случи и пред 30 март.

Во октомври 1921 година формирана е Кримската Автономна Советска Социјалистичка Република во состав на Руската советска федеративна социјалистичка република (РСФСР), а на 19 февруари 1954 година Кримската област на иницијатива на генералниот секретар на Комунистичката партија Никита Хрушчов и е предадена на  Украинската Советска Социјалистичка Република.

Според статистички податоци од декември, Крим има 1.958.000 жители меѓу кои најбројни се Русите (58,5 отсто), Украинците (24,3 отсто) и кримските Татари (12,1 отсто).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1