Арина Колцова, 35-годишна полицајка од Киев починала пред точно една недела во главниот град на Украина по шест месеци тешка борба со туберколозата.
Така барем пренесуваат тамошните медиуми, кои истакнуваат за смртта на Колцова е виновен еден криминалец кој во јануари ја плукнал в лице за време на приведувањето, со што во нејзиниот организам ја пренел смртоносната бактерија.
Колцова, секако, на почетокот немала поим дека ја носи во себе бактеријата, а дијагнозата била воспоставена недолго откако еден ден изгубила свест на работа.
Лекарите се обиделе да ѝ помогнат на сите начини, дури и со хемотерапија, меѓутоа организмот на кутрата жена од ден на ден сè повеќе ослабувал, а и некои неодамнешни фотографии објавени на социјалните мрежи откриле дека изгубила и многу килограми. Полицајката зад себе ја оставила 14-годишната ќерка.