УЖАС: Вработени во градинка ги врзувале децата за столици


Италијанската полиција соопшти дека уапсила две лица кои биле сопственици на градинка, во која децата ги врзувале со колани за столици.deca gradinka

Во соопштението се наведува дека децата во градинката, исто така, биле оставани сами во темни соби, а во еден случај воспитувачката гризнала едно од нив за лице.

Во истрагата на полицијата и помогнало тоа што злосторствата биле снимени со безбедносни камери.

Полицискиот началник Маурицио Де Анџелис изјавил дека децата имале траги на злоставување по телата, а „имајќи ја предвид возраста на децата, невозможно е тие повреди да ги здобиле при игра“.

Уапсените не ја признавале вината, а истрага се води за уште две лица

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1