Граѓани јавуваат дека на еден километар пред село Стајковци има сообраќајна несреќа, а во автомобилите во кои навлегува вода се заглавени и бебиња.
Блокирана клучката кај хотелот „Континентал“, предупредија вечерва од Град Скопје. Таму е затворен кружниот тек.
Кај Бит Пазар се вози на една коловозна лента. До пред извесно време, на една лента се одвиваше и сообраќајот во Автокоманда.
Во Црниче подвозникот е затворен, екипи ја испумпуваат водата.
Голема колона возила има на патот од Железара конј Бутел. На исклучувањето од Автокоманда кај Јаја Паша во Чаир е блокиран камион. Поплавена е и улицата „Железничка“. Поплавени има и во Аеродром и Гази Баба.
Има заглавени граѓани на патот од село Црешево кон скопска Обиколница, јавуваат луѓе од терен.
Кај „Тутунски Комбинат“ е падната сообраќајната сигнализација.
Во Радишани и во Кисела Вода снема струја.
Граѓани јавуваат дека на патот Скопје-Велес се превртел шлепер.