Критично во Автокоманда, се испумпува вода во Црниче


Граѓани јавуваат дека на еден километар пред село Стајковци има сообраќајна несреќа, а во автомобилите во кои навлегува вода се заглавени и бебиња.tvnova-640x354

Блокирана клучката кај хотелот „Континентал“, предупредија вечерва од Град Скопје. Таму е затворен кружниот тек.

Кај Бит Пазар се вози на една коловозна лента. До пред извесно време, на една лента се одвиваше и сообраќајот во Автокоманда.

Во Црниче подвозникот е затворен, екипи ја испумпуваат водата.

Голема колона возила има на патот од Железара конј Бутел. На исклучувањето од Автокоманда кај Јаја Паша во Чаир е блокиран камион. Поплавена е и улицата „Железничка“. Поплавени има и во Аеродром и Гази Баба.

Има заглавени граѓани на патот од село Црешево кон скопска Обиколница, јавуваат луѓе од терен.

Кај „Тутунски Комбинат“ е падната сообраќајната сигнализација.

Во Радишани и во Кисела Вода снема струја.

Граѓани јавуваат дека на патот Скопје-Велес се превртел шлепер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1