Кривичен суд: Јане Ченто повторно вратен во притвор


На Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, мерката куќен притвор му е заменета со мерка притвор, потврдија за МИА од Кривичниот суд.

– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 од МВР е известен дека лицето за кое со решение на Советот е определна мерка куќен притвор не ја почитувал определената мерка заради што Советот ја сменил мерката куќен притвор со мерка притвор, велат од Судот.

Изутрината околу 8:30 часот полицијата во Прилеп го привела Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието, кој беше во куќен притвор во својот дом на улицата „Цане Коњарец“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1