Унгарските власти покренаа кривична постапка против возачот на автобусот полн со македонски државјани, којшто ноќеска излета од патот во близина на Будимпешта.
Како што информираат од МНР, против возачот покрената е кривична постапка поради несовесно предизвикување на несреќа со повеќе повредени. Од МНР не ја соопштуваат причината за несреќата, но како што јавуваат унгарските медиуми, возачот најверојатно заспал.
Девет од патниците се пуштени од болница и чекаат да им биде организиран превоз за Скопје, а двајца продолжиле за Прага. Во автобусот од вкупно 28 патници, 21 биле македонски државјани, четворица биле од Чешка и тројца од Бугарија.