Кривична пријава за извршителка, осомничена дека ја злоупотребила службата


СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.К.(46) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информацијата од МВР, во периодот од 2017 до 08.02.2019, пријавената, во својство на извршител за подрачјето на Основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово, постапила спротивно на пресудата од Основен суд Куманово и паричните средства во износ од 310.000 денари, кои биле резервирани на нејзина сметка, наместо да ги врати на С.В., противправно ги присвоила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1