Кривична пријава против Борис Тадиќ поради обид за преземање на весникот „Курир“


Сопственикот на српскиот весник „Курир“ Радисв Родиќ соопшти денеска дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија Борис тадиќ и уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“.tadic-1

Родиќ соопшти дека кривичната пријава ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и оти очекува дека надлежните брзо ќе реагираат, пренесува Танјуг.

Тој, нарекувајќи ги лицата против кои поднел пријава „организирана криминална група, злосторничко здружение, терористичка група…“ изјави дека и во изминатите три дена примил многу закани, но не сакал да се откаже.

Родиќ вели дека нему лично не му треба ништо, но дека „народот треба да знае каква власт имал“, а со цел сегашната и секоја идна власт да не биде таква.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1