Се евакуира населението долж Брегалница


Министерот за транспорт и врски и шеф на Централниот кризен штаб, Миле Јанакиески денеска повика на итна евакуција на населението кое живее покрај коритото на реката Брегалница во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Штип.

david-go-odnese-stip6

-Се работи за 20 населени места кои постои можност да бидат на удар на невремето кое најмногу ќе се почувствува околу 20 часот. Инаку, вештачкото езеро Калиманци во моментот се прелева со 280 метри кубни во секунда, изјавил Јанакиески.

Премиерот Никола Груевски денеска имаше средба со градоначалникот на Штип Илчо Захариев, кој му ја појасни актуелната состојба во Штипско, по што заедно со министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска ги посетија Ново Село, Бањата Кежовица и четвртиот километар, каде што веќе се излеа реката Брегалница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1