Излеани реки, непроодни патишта, села без струја- ова се најновите информации


Поради обилните врнежи од дожд и снег, кои вчера вечерта ја зафатија Македонија има излевање на неколку реки и непроодни се повеќе локални патишта.

Центарот за управување со кризи, соопшти дека во општина Студеничани, сообраќајот се одвива отежнато кон селата кои гравитираат кон пониските делови на Китка, додека кон повисоките е во прекин. Без струја се населените места на потегот Китка – Пуста Брезница – Јасен, заради паднат електричен столб.david-go-odnese-stip

Во општина Зелениково непроодни се патните правци кон селата Страхојадица, Гумалево, Добрино, Дејковец и Тисовица, а има прекин и во снабдувањето со електрична енергија.

Патот кон селата Патишка Река и Осинчани во општина Сопшите е со снежна покривка и полека се топи. Без електрична енергија се сите села на овие два првци. Локалната самоуправа ангажирала машини за расчистување на патните правци. Непрооден е и патот кон селата на Скопска Црна Гора – Малино, Танушевци и Брест. Од подземните води во село Смилковци, заради подигање на нивото на Раштанска река, поплавени се неколку подрумски простории на станбени објекти.

Отежнато и во зимски услови се одвива и сообраќајот во општина Сарај, а селата Семениште, Чајлане, Буковиќ и Раониќ се без струја.

Според информацијата на ЦУК, во Штип на улицата „Цветан Димов“ е пријавено свлечиште под куќа. Насипот на река Отиња кај мостот кај црквата Свети Никола е оштетен. Поради излевање на реката Брегалница во штипско Ново Село, превентивно е затворен патниот правец Штип – Ново село.

Во село Карбинци, утрово во 4 часот попуштил насипот и се излева вода. Моментално, како што е наведено, е поплавена една работилница, а во другите села состојбата е стабилна. Поплавени ожнеани оризови површини и дворови има во селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Уларци. Се работи на санирање на Злетовска река и во текот на денот ќе се интервенира на одводните канали во селото Чифлик.poplava bregalnica stip

Патниот правец Кочани – Пониква е непрооден за сообраќај. Механизација на Македонија пат е на терен и го чисти патот.

Во пробиштипските села Ратавица и Трипатанци, мостовите на Злетовска река се оштетени и непроодни, а непрооден е и патниот правец Киселица – Злетово. Поплавена земјоделска површина има кај вливот на река Осојница во река Брегалница во општина Виница, а во делчевско затворен е патот Разловци – Трботивиште, додека во Македонска Каменица има паднато потпорен ѕид. На потегот од село Мачево до Будинарци од двете страни на реката Брегалница е поплавено земјоделско земјиште и три викенд куќи.

Излеани се и Ратевска река во должина од три километри и поплавени се пет викенд куќи и Смојмирска река во должина од два километри и е поплавено земјоделска површина. Паднати дрвја на патот има во село Спанчево и екипите на ЈКП „Комуналец“ ги расчистуваат.

Од наврнатиот талог во Охрид има пробиено вода во дворови и подруми во три објекти, а во општина Кичево нема струја. Дефектот е поголем, а во прекин биле далеководите кон Битола и кон Скопје. Поплавени домаќинства нема. Во Струшко поплавени се повеќе куќи во селата Мислешево и Мороишта, населбата Езерски Лозја и куќи низ градот. Нема струја во селата Драслајца, Ливада, Делогожда, Горно Татешти и цела Малесија. Патните правци се проодни за сообраќај во зимски услови. Во општина Македонски Брод патиштата се проодни, но нема струја.

Во Битолски регион во селата Ношпал и Вешерејце, во текот на ноќта се излеале каналите и има поплавени куќи, штали и земјоделски површини. Локалниот пат село Тополчани – Ношпал е во прекин. Прилепските пожарникари интервенирале во подрумски простории во куќи во фабриката „Слово“ во Прилеп.

– Во текот на ноќта, поради обилните дождови има поплавено куќи, штали и земјоделски површини во селата Ерековци, Клепач, Ново Лагово, Алинци, Кадино село и Мало и Големо Коњари. Повеќе куќи во село Клепач се поплавени. Во моментов се поставуваат насипи пред портите на граѓаните. Заради прекумерна вода прекинат е локалниот пат Кадино село – Мало Коњари. Во атарот на село Галичани водата е стигната во близина на куќите. Реката Црна е излеана кај Чепигово и Тројкрсти. Во моментов се работи на кревање на насипите, а водата се насочува на земјоделска површина. Во атарот на селото Тројкрсти, превентивно е отворен насипот на две места со цел истекување на водата во полето и заштита на населението, стои во соопштението ЦУК.

Црна Река е излеана кај селото Света, демирхисарско, а во Ресен, Голема река и сите други помали водотеци се надојдени и поплавени се земјоделски површини и објекти во селата Покрвеник, Прељубље, Дрмени, Езерани, Долна Бела Црква и неколку подрумски простории во станбени објекти во дел од градот. Пред излевање се и реките Пчиња и Крива Река во Кумановско.

Во Кавадарци, реката Луда Мара, според ЦУК, е на максимална кота и излева на пешачка стаза, но нема опасност од поплави на објекти. Екипите на Македонија пат го санирале одронот на патниот правец Неготино – Кавадарци, а работат и на ситни одрони на патниот правец Неготино – Штип. Поради неисчистени канали и подземни води, поплавени се подрумските простории на дваесетина куќи во светиниколското село Ерџелија.

Зголемено ниво на водата има и во реките во општина Струмица.

– Реката Струмица се излеа пред селото Просениково и има поплавено една куќа. Во село Дабиле, каналот Буч е излеан и има поплавено две куќи. Со механизација се помага и работи во Просениково, Дабиле, Сачево и Муртино. Патниот правец Добрејци – Пиперево, кај мостот на река Струмица од двете страни е однесен и е во прекин. Состојбата се следи и има потреба се интервенира со механизација, информира ЦУК.

Во општина Босилово, водостојот на сите реки е зголемен. Во селото кај црквата од обилните дождови и надојдените порои има поплавено дворови и подруми од куќи. Зголемено е нивот на сите реки и во општините Радовиш и Конче. Река Плаваја е излеана кај селото Подареш. Радовишка река е излеана кај село Јаргулица.

Непрооден е и патот до тетовското село Гургурница каде се изведуваат активности за негово расчистување, како и кон селата Седларево и Луковица во општина Желино.

Поради лавина кај манастирот Бигорски, во целосен прекин беше сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, но веќе е пуштена една лента и се работи на нормализирање на сообраќајот на ова место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1