ОД СВАДБА ВО СМРТ: Излетале од патот – загина брачен пар, преживеа само ќеркичката


Брачен пар од Требиње загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа откако со својот автомобил излетале од магистралниот пат Требиње-Билеча. Нивната 10-годишна ќерка која била заедно со нив во автомобилот е полесно повредена.soobrakajka-trkalo500

Несреќата се случила вчеравечер околу 22:30 часот кога возилото од засега непознати причини излетало од патот.

Српските медиуми објавија и дека брачниот пар се враќал од свадба од ресторан кој се наоѓал на 15-тина километри надвор од градот.

Идентитетот на загинатите се уште не е познат, но од полицијата изјавиле дека станува збор за помлади маж и жена.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1