Кривична за лицето што постави импровизирана експлозивна направа во Собранието на 27 април


Поднесена е кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје кој на 27 април, за време на насилните настани во Собранието поставил импровизирана експлозивна направа – петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп, како и уште едно парче петарда.

Ј.Л. околу 19 часот заедно со толпата влегол во Собранието на Република Македонија. Околу 20:40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат по што сам влегол во две канцеларии меѓусебно поврзани и под работно биро ја поставил импровизираната експлозивна направа, а потоа заминал.

Петардата и импровизираната експлозивна направа ги забележал вработен во Собранието на подот, при расчистувањето на 2 мај 2017 година околу 8:25 часот, по што, мислејќи дека се факел, заедно со колега ги однел и ги оставил до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17 часот вработен како обезбедување во Собранието, при обиколка во објектот, ја забележал импровизираната експлозивна направа и телефонски пријавил во СВР Скопје.

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство достави и две Известувања, едното за преземени мерки и активности во врска со Наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица – пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото е Известување за досегашни преземени мерки и дејствија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1