Деветнаесет годишниот Ј.Љ. се соочува со кривична пријава за предизвикување општа опасност бидејќи негово куче нападнало малолетници.
Во средината на февруари во тетовското село Челопек, додека малолетник на возраст од 14 години заедно со неговите тројца другари и соселани се шетале, наишол Ј.Љ. кој водел куче.
Во еден момент кучето се оттргнало од неговите раце се нафрлило над малолетникот и му нанело повеќе повреди по телото.
Kurir