Кривична за зетот кој отиде по невестата со противпожарно возило – Пријава и за командирот


Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против 47-годишиот Г.К. од Радовиш и 40-годишниот Н.П. од радовишкото село Јаргулица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Г.К., командир на Територијалната противпожарна единица Радовиш, специјалното противпожарно товарно моторно возило марка „Волво“ (материјално-техничко средство во сопственост на Територијалната противпожарна единица Радовиш), без овластување, му го отстапил на користење на Н.П. Тој му овозможил за време на водење на смена како раководител во ТППЕ-Радовиш да се послужи и да го користи на 17 септември во периодот од 13 до 14 часот за свадбена прослава – информираше МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1