Тони Михајловски бара слобода за Игор Југ, кој доби 8 дена притвор


Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието, кого полицијата вчера го уапси во Куманово, ја издржува определената мерка притвор од осум дена.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, судот при крајот на април годинава со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во времетраење од осум дена. 

Актерот Тони Михајловски, кој беше и дел од иницијативата „За заедничка Македонија“, преку својот профил на Фејсбук побара слобода за притворениот Игор Југ.

Михајловски постави фотографија на својот профил, со транспарент на кој пишува „Слобода за Игор Југ“.

Југ вчера беше уапсен поради обвиненијата за учество во толпа на 27 април при упадот во Собранието на Република Македонија

Моментално на Фејсбук постои и група со повеќе од 1.000 членови, поддржувачи на Југ, кои бараат негово ослободување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1