Крофни по рецептот на баба – да замириса цела кујна
Состојки:
● 2 јајца
● 1 коцка квасец
● 1 чаша јогурт
● 1 кг брашно
● 300-350 мл вода
● ½ лажичка сол
● 5 лажици шеќер
● 200 г шеќер во прав
● 100 мл масло за јадење
Подготовка:
● Во топлата вода растопете го квасецот и сипете го јогуртот. Потоа додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои десетина минути.
● Развлечете кора од тестото и со чаша вадете ги крофните. така обликувани оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло.
● Готовите крофни посипете ги со шеќер во прав, полнете ги со готварски шприц по ваша желба – мармалад, еурокрем..