Кршете ги новите автобуси ама ќе се возите во стари!


Изминатите денови автобуси беа првата мета на насилниците. Изгоре еден автобус, а беа оштетени околу десетина. Вандализмот продолжува секојдневно, а и завчера беа оштетени и каменувани неколку автобуси на улица Првомајска и на Бит-пазар. Од ЈСП велат дека се уште немаат конечна бројка за направената штета.

g_avtobus-jsp-skrsen-210x210Во обид да ги заштити новите автобуси од серијата напади на хулиганите на кои градскиот превоз им беше најчеста мета Јавното сообраќајно претпријатие(ЈСП) повторно на улица извади неколку од старите автобуси кои се уште се во функција.

Минатата недела за прв пат на линијата со број 7Б која сообраќа од Вардарска до Дом на печат на радост на патниците беше пуштен двокатен автобус. Но, во инцидентите што се случија за време на протестите по повод поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана и овој автобус не беше поштеден.

Од почетокот на неделата на оваа линија сообраќа стар автобус кој постојано чкрипи, а возачот е принуден да застанува на секоја станица за да ја проверува неговата исправност.

Од Јавното сообраќајно претпријатие велат дека сите автобуси кои биле оштетени изминатата недела веќе се поправени и им се сменети стаклата, на оние од завчера се работи
– Повеќе од 100 контролори се на терен, но сепак тешко е да се спречат хулиганите бидејќи тие го оштетуваат возилото однадвор – велат од ЈСП.

Извор – Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1