Инцидентот од кој се смрзнува крвта во вените се случил во станот во кој Кенеди живее со сопругата и децата, во предградие на Оклахома Сити.
Томас Кенеди од Оклахома забележал црвена течност на ѕидот на својата кујна. Не се ни прашал од каде доаѓа, го избришал ѕидот и мислел го решил проблемот. Но по кусо време црвената течност пак се појавила на ѕидот, ја повикал полицијата која ги потврдила неговите најголеми стравови – од ѕидовите течела крв.
Потоа отишле во станот над тој на Кенеди и откриле дека соседот починал. Полицајците му соопштиле на Томас дека најверојатно неговиот сосед паднал и го скршил черепот.
После тоа морничаво откритие, бил повикан специјален тим кој ги отстранил деловите од ѕидот и плафонот и исчистил се`. Кенеди и семејството ги преместиле во друг стан во истата зграда.
Форензичарот утврдил дека неименуваниот сосед умрел од природна смрт и полицијата го затворила случајот.