Крвав Велигден: Малолетник прободен со нож во Ѓорче


Ноќеска, околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51) пријавил дека на 07.04.2018 година околу 22,30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица.

Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана е телесна повреда.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1