Група од пет до шест лица вечерва околу 19 и 30 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје физички го нападнале 15-годишниот В.Б од Кавадарци.
Напаѓачите го удирале со клоци и тупаници по телото при што му се нанесени видливи повреди, соопштуваат од полицијата.
Полицијата работи на расчистување на случајот.