Со секоја пролет и долго топло лето одново војна меѓу луѓето и инсектите, навидум неправедна бидејќи тие се толку мали и беспомошни, наспроти супериорноста на „големиот човек“ помогната со разноразни хемиски препарати против инсекти.
Но зачудувачки е што може да му направи еден мал убод од пчела на човек од 100 килограми, затоа воопшто не е смешно веднаш да се побара лекарска помош. За волја на вистината убодите честопати минуваат без поголеми последици, но неретко се јавуваат кожни или пак посериозни алергиски реакции ( ова особено ако станува збор убод од пчели, оси, стршлени ).
Полесните симптоми се црвенило на кожата или помал оток, но сериозен е проблемот доколку отокот се јави внатрешно. Во тој случај доаѓа до стеснување ги дишните канали, што неизбежно е проследено со гушење и забрзана работа на срцето. Исклучително е важно да се ставаат ладни облоги за да се спречи ширењето на крвните садови а со тоа и отровот низ организмот. Доколку станува збор за алергиска реакција од повисок степен, од убодот до потешките последици понекогаш се потребни само 15 тина минути, затоа е неопходна брза реакција.
Ништо понеопасни не се и крлежите, нивното главно оружје е „дискрецијата“ понекогаш може да минат дури и денови без да се почуствува нивното присуство под кожата. Има неколку начини на вадење крлеж ( порано старите ги вртеле спротивно од стрелката на часовникот, други пак ги опивале со алкохол, трети пак им ставале масло за готвење.
Секако најсигурниот метод е на лекар, освен вадењето таму се дезинфицира местото на убодот и со сигурност се проверува дали случајно има некаква алергиска реакција. Она што треба да се знае е дека после секој престој во природа е потребно детална проверка на кожата по целото тело, бидејќи како што веќе споменавме, крлежите се како жените знаат да бидат крајно ненаметливи, но затоа пак подоцна ќе ви го искомплицираат животот.
За да се спречат какви било „конфликти“со инсектите треба да се избегнуваат цветните површини, да се носи посветла облека, да се намали употребата на силни парфеми и детергенти, бидејќи таквите мириси ги привлекуваат инсектите.