Куќен притвор за Јасна Мандиќ


Судијата Ненад Савески ѝ определи куќен притвор на Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, потретседателката на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, рече нејзиниот адвокат, Душко Јанковиќ. -Притворот се бараше по сите три основи.

Доцна вечерва судија на претходна постапка донесе одлука за определување домашен притвор за Јасна Мандиќ, заменичка на Боки 13 во Меѓународниот Сојуз.

Обвинителството за организиран криминал бараше притвор.

За Фросина Ременски, Миле Јовановски и асистентката на Боки, утре ќе биде спроведен распит пред судија на претходна постапка, откако се повикани денеска да дојдат.

Според ОЈО за организиран криминал, вечерва се вршат претреси на локации, без детали зошто после толку време.

Русковска кажа дека е издаден е налог за претрес во домовите на тројца осомничени, а дека за оваа истрага немало посебни истражни мерки.

На новинарско прашање, Русковска рече дека не може да каже понатаму каде ќе ја однесе истрагата и дали таа ќе се прошири и на други лица.

„Јас не можам да гатам што ќе се случи натаму“, одговори таа на новинарско инсистирање на колку лица би се проширила истрагата.

За татко му на Боки 13, за Ременски и асистентката на Мандиќ, Русковска кажа дека нема информации оти се избегани од државава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1