Куќната помошничка осудена на затворска казна: Заврши процесот на ограбениот Тарик Филиповиќ


Аница Јуриј, која работела како чистачка во домот на хрватскиот актер и водител Тарик и Лејла Филиповиќ е осудена на една година казна затвор и три години условно, како и на парична казна, пишува „Индекс.хр“.

Ако пресудата стане правосилна, Аница Јуриј ќе мора да им плати на Тарик и неговата сопруга 1.000,1 куна (134 евра), а на мајката на Лејла околу 1.567 куни (150 евра) во рок од 15 дена.

На изрекувањето на пресудата не биле присутни ниту Аница Јуриј, ниту Тарик и Лејла, туку само нивните адвокати.

Јуриj е прогласена за виновна затоа што украла голема количина накит и златници од станот на Филиповиќ, во непозната вредност, но поголема од 1.000 куни. Брачната двојка Филиповиќ тврдела дека вредноста на украденото злато е повеќе од 150.000 куни (20.000 евра).

Судијата Даријо Локас истакнал дека не е спорно дека накитот бил кај обвинетата, туку начинот на кој се нашол кај неа. Тој додал дека нема причина зошто би лажеле Тарик и Лејла, а исказот на обвинетата не го сметал ниту за убедливо ниту веродостојно.

Судот не ја прифатил сумата што ја барало семејството Филиповиќ, бидејќи не доставиле сметки и сертификати, пат тие ќе треба да поднесат приватна тужба до крајот на побарувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1