Тригодишно девојче во Полска се изгубило во полето и била спасена од куче кое со своето тело ја греело малечката да не смрзне на ниските температури.
Девојчето било пронајдено дури ден потоа откако цела ноќ ја минала на отворено. Кога ги нашле кучето било легнато покрај неа.
Пожарникарите кои го пронашле девојчето сметаат дека на температура од минус пет степени Целзиусови таа преживеала само благодарение на тоа што кучето цело време било покрај неа, ѝ го одвлекувало вниманието и не ѝ дозволило да заспие и да смрзне.