Куче искасало скопјанка и нејзиниот шестгодишен син


Триесет и шест годишната З.Р. и нејзиниот 6 годишен син вчера околу 14.30 часот биле нападнати и искасани од куче на улицата Перо Наков во Скопје, а во полиција случајот го пријавил сопругот и татко, 43-годишниот Р.А.

Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека мајката бил искасана во левата нога со нанесени гризнатини и крварење. Со Итна помош биле однесени на Инфективната клиника во Скопје.

Според очевидци се работи за куче скитник, а по пријавата на случајот полицијата ја известила шинтерската служба на Град Скопје која излегла на терен и го заловила кучето кое е пренесено во „Вардариште“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1