На Интернет се раширило симпатично видео каде еден шнауцер, откако повторно се сретнал со својата сопственичка, од среќа се онесвестил.
Ребека Ехалт пред две години се преселила во Словенија, а со себе не можела да го земе своето милениче Кејси, кое трпеливо ја чекал во семејниот дом во Мурисвил.
Повторната средба ја снимиле нејзините родители, а видеото го прегледале повеќе од милион луѓе.
По оваа емотивна средба, кучето е однесено на ветеринар за да проверат дали се е во ред со него.