Шестгодишно дете од гостиварското село Топлица завршило во болница откако било нападнато од куче бездомник. Настанот се случил вчера попладне, јави ТВ Кисс.
Како што соопштуваат од полицијата, кучето се нафрлило врз детето додека тоа се се возело со велосипед по селските улици.
Го соборило на земја и го каснало на левиот колк. При падот од велосипедот шестгодишникот се здобил и со повреди на лицето.
Набрзо потоа бил однесен во гостиварската општа болница од каде по пружената медицинска помош бил пуштен дома.