Еве кои каде ќе се борат за гласови – листата на ВМРО ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, онака како што беше и очекувано,  традиционално  ќе ја предводи листата во изборната единица еден. Оваа изборна единица важи за лидерска, во која лидерите се борат за довербата од граѓаните. Но на овие избори тоа не  е случај, бидејќи лидерот на СДСМ избега од соочување.

listaIzbori-640x320Во двојката и овој пат на чело на листат аод ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Гордана Јакуловска. Таа по трет пат ќе ја бара граѓанската поддршка. Според дел од анкетите таа е сигурен фаворит против Шилегов и Спасовски, а нејзиниот рејтинг е во континуиран пораст.
Никола Тодоров прв на листа во тројката. На претходните избори како носител на листа во истата изборна единица неговата предност над СДСМ беше трипати поголема.
Во четворката како и на претходните, така и на овие избори носител на листата ќе биде Зоран Ставрески. Инаку пред три години тој го победи токму лидерот на СДСМ,Заев  кој беше носител на листа од неговата партија во оваа изборна единица. Според експертската јавност Ставрески има голема поддршка од земјоделците, тутунарите  и бизнис заедницата, а тоа значи голема предност.
И Антонио Милошоски повторно носител на листа во петтата изборна единица. По победите во 2006 и 2011-та година од партијата очекуваат дека тој повторно ќе добие огромна поддршка  од родното Кичево, како и Битола,Охрид, Ресен, Крушево и Струга.
Во шесттата изборна единица листата ќе ја предводи Никола Попоски. Од партијат очекуваат и ово оваа изборна единица повторно победа. Силите ќе си ги измери со Стојко Пауновски од СДСМ, екс пратеникот кој од собраниската говорница  бараше кратење на пензиите  и социјалната помош.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1