Четири годишната Лекси Хадсон од Англија починала откако била нападната од страна на мастиф кој нејзината мајка го вдомила од прифатилиште за кучиња.
Соседите сведочат дека Џоди, мајката на Лекси, морала неколку пати да го избоде со нож кучето за да ја ослободи својата ќерка.
Кучето буквално како крпа го влечело детето низ собата.
Џоди откако ја ослободила својата ќерка од кучето сета во крв истрчала на улица во потрага по помош.
Лекси немала шанси кога кучето тргнало накај неа, таа е ситно девојче, вели семејниот пријател Рајан, кој додава дека Џоди подоцна му рекла дека во прифатилиштето и рекле дека кучето е безбедно и може да биде во близина на деца.