КУЧИЊА-СКИТНИЦИ ВО СКОПЈЕ ГО ИСКАСАЛЕ РАКОМЕТАРОТ НА ВАРДАР ВУКО БОРОЗАН


Вчера Вуко Борозан додека ги шетал своите деца бил нападнат од улични кучиња и завршил во болница на шиење, обелодени тренерот на Вардар.

Тренерот Владо Недановски, се соочува со проблеми пред утрешниот меч со Порто во 3. коло од ЕХФ Европската лига. Најверојатно во тимот ќе го нема црногорскиот лев бек, Вуко Борозан, кој викендот бил нападнат од кучиња скитници и добил повеќе повреди.

Покрај Борозан има уште неколку повредени ракометари од редовите на „црвено-црните“.

– Имаме четири-пет повредени ракометари. Вчера Вуко Борозан додека ги шетал своите деца беше нападнат од улични кучиња и заврши во болница на шиење. Не знаеме дали ќе биде подготвен за настап – изјави Недановски.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1