Глутница кучиња скитници, претпладне, во селото Баланци, општина Центар Жупа, нападнале и до смрт изгризале жена на околу 58 годишна возраст.
Според жител на селото жената била нападнат додека фрлала отпад, на селска депонија. Веднаш била пренесена во Општата болница во Дебар, каде починала.
На местото на настанот се врши увид, а телото ќе биде дадено на Судска медицина заради обдукција. Од Секторот за внатрешни работи најавија детали за подоцна.
Жителите на ова и другите села се жалат на масовно присуство на кучиња скитници.
Инаку, во инфективното одделение при Општата болница во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во просек годишно евидентирани се до 80 каснувања од куче, но ова е прв ваков случај.