Кучињата ќе може да лаат во Центар? – „Анима Мунди“ и Општината договорија корекција на правилникот


Советот на Општина Центар на седница во четврток на дневен ред ќе има корекција на член 95 од скоро донесената одлука за комунален ред, на барање на Здружението за заштита на правата на животните „Анима Мунди“

kuce– Се предлага да се избрише делот од одлуката каде што стои дека не е дозволено чување кучиња кои постојано лаат и завиваат и чување на кучиња во станбени згради и во нивните дворови. Се предлага да се дозволи чување кучиња во дворовите во колективните станбени згради за кои сопственикот има прибавено писмена согласност од мнозинството станари во станбената зграда или од заедницата на сопственици на станови, информира Центар.

Во здружението се задоволни од брзата реакција на градоначалникот.Дел од забелешките се прифатени. Генерално работите ќе се изменат кон подобро, изјави Столе Велковски од „Анима Мунди“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1